Општ хаос во државата: Повеќе од 1500 затвореници побегнаа, а 33 лица загинаа во бунт

Најмалку 33 лица загинаа во бунт во затвор во главниот град на Мозамбик, Мапуто. Во инцидентот, повеќе од 1500 затвореници успеале да побегнат.

Главниот командант на полицијата во Мозамбик, Бернардино Рафаел, соопшти дека 33 лица загинале, 15 се повредени, а од 1534 затвореници кои избегале, досега 150 се повторно уапсени.

Мозамбик моментално се соочува со ескалација на граѓански немири, поврзани со спорните избори во октомври, кои го продолжија владеењето на долго доминантната партија Фрелимо. Опозициските групи и нивните поддржувачи тврдат дека изборите биле наместени.

Додека Рафаел ги обвини протестите пред затворот за поттикнување на нередите, министерката за правда, Хелена Кида, изјави за локалната телевизија „Мирамар ТВ“ дека немирите започнале внатре во затворот и дека не се поврзани со протестите надвор.

„Судирите доведоа до 33 загинати и 15 повредени во близина на затворот“, рече Рафаел. Идентитетот на загинатите и повредените сè уште не е познат.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни