Опра Винфри го покажа својот неверојатен напредок од теретаната

Познатата американска водителка Опра Винфри е фотографирана како излегува од вежбалница во Санта Барбара, Калифорнија, САД. Најчестите коментари повторно се околу нејзината витка фигура.

„Мило ми е што конечно радикално го менува начинот на живот“, „Изгледа убаво“, „Упорноста се исплати“ – гласат дел од коментарите.

Познатото ТВ-лице кое е на самиот почеток на осмото десетлетие од својот живот, имаше операција на коленото во 2021 година. При закрепнувањето му се посвети и на слабеењето. Таа проговори и за негативните коментари кои ги добивала во минатото, објави „Пејџ сикс“ (Page Six).

„Почнав да пешачам и секој ден да си поставувам нови цели на растојание. На крајот, можев да пешачам и до осум километри. Се чувствувам посилна и поподвижна… Таблоидите ме експлоатираа секоја недела. Комичарите се шегуваа со мене, а јас го прифатив тоа затоа што мислев дека го заслужувам“, откри таа во една прилика.

Освен тоа, Винфри вели дека последниот оброк го јаде во четири попладне и пие околу четири литри вода дневно. Досега, се вели, успеала да изгуби речиси 50 килограми.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни