Неговата партија „Африканско движење за нова независност и демократија“ ја опиша смртта како убиство.
Министерството за одбрана на Камерун ја потврди смртта и информираше дека Екане починал од повеќе хронични заболувања. Според истото соопштение, е отворена истрага за околностите под кои починал. Министерството тврди дека опозицискиот лидер бил сместен во военомедицински центар на Националната жандармерија, каде добивал соодветна здравствена нега во соработка со неговите лични лекари, како и дополнителна терапија во локални болници.
Екане, кој имал 73 години, беше уапсен кон крајот на октомври заедно со други членови на партијата, обвинети за побуна во период кога земјата беше зафатена од протести поради сомнежи за изборна нерегуларност. Според неговиот адвокат, тој бил меѓу опозициските претставници кои ги оспоруваа резултатите од претседателските избори одржани на 12 октомври, на кои 92-годишниот Пол Бија беше прогласен за победник.
По објавувањето на изборните резултати избувнаа протести во делови од земјата каде опозицијата има силно упориште. Владата соопшти дека загинале 16 лица, додека опозициските претставници и организациите за човекови права проценуваат дека бројот на жртви надминува 55.
Извор: N1info.rs
