Првенецот на Операта при Националната опера и Балет (НОБ), оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски, е новиот директор на НУ „Охридско лето“.
Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера, којашто вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и во Европа. Освен како истакнат македонски уметник, тој има особен придонес за македонската култура и како пoранешен уметнички директор на Македонската опера и музички селектор на фестивалот Охридско лето.
„Охридско лето за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата директор на НУ ‘Охридско лето’ со надеж дека ќе ја продолжиме долгата и богата традиција на успешни и спектакуларни настани на најголемите светски уметнички имиња и дека фестивалот ќе продолжи да ја негува богатата традиција од 64 години“, вели Цуцковски.