Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, објави дека компанијата склучила договор со Пентагон за користење на алатки со вештачка интелигенција во класифицирани воени системи.
Веста доаѓа само неколку часа откако администрацијата на претседателотДоналд Трамп забрани користење на алатките на конкурентската компанија Anthropic во сите федерални институции.
Зошто е забранет Anthropic?
Трамп нареди постепено укинување на користењето на производите на Anthropic во рок од шест месеци. Министерот за одбрана Пит Сегет ја означи компанијата како „ризик за синџирот на снабдување“.
Според извештаите, Anthropic одбил да ги ублажи ограничувањата поврзани со употребата на вештачка интелигенција во автономно вооружување и системи за масовен надзор на американски граѓани
Трамп најави дека доколку компанијата не соработува во транзицијата, ќе бидат преземени „тешки граѓански и кривични мерки“.
Anthropic најави правна постапка, тврдејќи дека одлуката е неправедна и дека етикетата „ризик за снабдување“ вообичаено се користи за компании поврзани со странски противници.
Договорот на OpenAI со Пентагон
Алтман истакна дека договорот со Пентагон вклучува строги безбедносни принципи: Забрана за домашен масовен надзор, човечка контрола и одговорност при употреба на сила и пчитување на постојните закони и воени политики
Тој нагласи дека OpenAI ќе развие технички механизми за заштита за да обезбеди моделите да функционираат во согласност со правилата. Исто така најави испраќање инженери во Пентагон за надзор на имплементацијата
Пошироки импликации
Сè уште не е јасно по што договорот на OpenAI се разликува од условите што ѝ биле понудени на Anthropic.
Спорот отвора важни прашања за границите на употреба на AI во воени системи,автономно вооружување и заштита на граѓанските слободи
Овој развој на настаните претставува редок случај на остар судир меѓу американската влада и една од водечките AI компании, во време кога вештачката интелигенција станува клучна за националната безбедност.