OpenAI останува непрофитна организација

Компанијата OpenAI, позната по развојот на вештачката интелигенција ChatGPT, се откажува од плановите за трансформација во профитна компанија.

Извршниот директор и коосновач Сем Алтман изјави дека OpenAI ќе продолжи да работи под контрола на непрофитната организација која управува со нејзиниот профитен огранок OpenAI LP.

Според германската новинска агенција dpa, одлуката нема да ги одврати инвеститорите – напротив.

Јапонскиот инвестициски гигант SoftBank, кој неодамна обезбеди 10 милијарди долари за OpenAI и најави дополнителни вложувања до крајот на годината, нема планови да го намали финансирањето.

Microsoft, кој досега инвестираше речиси 14 милијарди долари во OpenAI, сѐ уште официјално не го коментирал новиот правец на компанијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни