„OpenAI не е на продажба, а одборот едногласно го отфрли најновиот обид на господинот Маск да ја наруши својата конкуренција. Секое потенцијално преструктурирање на OpenAI ќе ја зајакне нашата непрофитна организација и нејзината мисија – да обезбеди дека напредната вештачка интелигенција (AGI) ќе биде во корист на целото човештво“, изјави претседателот на одборот, Брет Тејлор.
Според Ројтерс, ова е најновиот обид на Маск да ја блокира OpenAI – компанија што ја оснoваше заедно со Сем Алтман – во нејзината трансформација во профитабилен бизнис. Маск се противи на тоа OpenAI да обезбеди дополнителен капитал и да остане во трката за AI доминација.
Маск ја напушти OpenAI во 2019 година, откако компанијата создаде профитна гранка која привлече милијарди долари инвестиции. Подоцна, тој ја обвини OpenAI дека се откажала од првичната мисија и дека го става профитот пред општото добро.
Останува да се види како ќе се развива оваа AI битка помеѓу Маск и OpenAI.