OpenAI лансира алатка која создава видео од текст

Технолошката компанија ,,ОпенАи’’ лансираше нова алатка која може да создава видеа според одредени инструкции и даден текст. Новата алатка наречена ,,Sora’’, која според јапонскиот збор значи ,,небо’’ може да направи реалистични снимки долги до 1 минута .

Според компанијата која исто така стои и зад популарниот четбот ,,ЧетГПТ’’, новата алатка може да креира видеа врз основа на неподвижна слика или пак да продолжи веќе посточка снимка со нов материјал.

„Ја учиме вештачката интелигенција да го разбере и симулира физичкиот свет во движење, со цел да обучиме модели кои ќе им помагаат на луѓето да ги решат проблемите кои бараат интеракција во реалниот свет“, велат од „ОпенАИ“.

Видеата креирани со оваа алатка ќе содржат сопствен жиг за да се истакне дека се креирани со помош на вештачка интелигенција.
Претходно во 2021, компанијата претстави генератор на статични слики -‘’Дал-Е’’, а една година подоцна и четбот на база на вештачка интелигенција – ,,ЧетГПТ’’ кој денес има преку 100 милиони корисници.

Извор: https://www.theguardian.com/technology/2024/feb/15/openai-sora-ai-model-video

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни