OpenAI ја лансира апликацијата Codex за предност во трката за AI кодирање

Американската компанија OpenAI лансираше мобилна апликација за својот алат за кодирање Codex, со цел да стекне предност и да привлече нови корисници во сè пожестоката конкуренција на пазарот за генеративна вештачка интелигенција, објави британската агенција Ројтерс.

Од OpenAI соопштија дека апликацијата Codex е дизајнирана така што им овозможува на корисниците истовремено да управуваат со повеќе AI агенти во подолг временски период. Оваа функционалност има за цел да ја зголеми ефикасноста и флексибилноста при извршување сложени програмерски задачи.

Апликацијата, исто така, може да користи програмски код за извршување задачи како што се прибирање и анализа на податоци, изјавија претставници на OpenAI на прес-конференција.

Кодирањето се смета за една од најуспешните и најпрактични примени на AI моделите во последните години. Алатите за автоматизирано програмирање се клучни за AI стартапите во обидот да привлечат комерцијални клиенти, но токму овој сегмент станува сè поконкурентен.

OpenAI досега заостануваше зад одредени конкуренти, особено зад AI стартапот Anthropic, кој доминираше на пазарот со својот алат Claude Code.

Од Anthropic наведуваат дека Claude Code остварил годишен приход од една милијарда долари во рок од само шест месеци по неговото лансирање, што дополнително го засилува притисокот врз конкурентите во индустријата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни