OpenAI и Microsoft тужени за 3 милијарди долари поради нарушување на приватноста со ChatGPT

OpenAI и Microsoft заработија групна тужба со која се бара оштета од три милијарди долари поради наводна кражба на огромни количини приватни информации од интернет корисниците без нивна согласност, со цел обука на ChatGPT.

Тужбата е поднесена на 28 јуни пред федералниот суд во Сан Франциско и вклучува 16 анонимни тужители кои тврдат дека OpenAI тајно прибрал 300 милијарди зборови од интернет, без компанијата да биде регистрирана како посредник за проток на податоци или да добие согласност за тоа. Microsoft е главниот клиент и корпоративен партнер на OpenAI. Тие ја лиценцира технологијата за вештачка интелигенција за што плаќаат милијарди долари.

Во тужбата се тврди дека компаниите продолжуваат незаконски да прибираат и внесуваат дополнителни лични податоци од интернет корисниците ширум светот без нивна согласност за да продолжат да го развиваат и тренираат својот производ, мислејќи на информациите кои се внесуваат за развој на моделите на вештачка интелигенција.

Тужителите ја споредуваат OpenAI со друга фирма за вештачка интелигенција која беше оцрнета во медиумите за прибирање информациите од корисниците на интернет без нивна изрична согласност, Clearview AI. Тие собираа фотографии од социјалните мрежи за да создадат алатка за препознавање лица, што се користи од страна на полицијата. Clearview AI беше тужена од повеќе лица и организации, вклучително и ACLU. Тие го решија спорот минатата година и престанаа да ги нудат своите услуги на поединци и бизниси во САД.

„Clearview повеќе не може да ги третира уникатните биометриски идентификатори на луѓето како неограничен извор на профит“, рече тогаш Натан Фрид Веслер, заменик директор на Проектот за слободен говор, приватност и технологија на ACLU.

Во тужбата се наведени популарни алатки за вештачка интелигенција развиени од OpenAI и користени од Microsoft, вклучувајќи ги јазичните модели GPT 3.5 и 4.0, моделот за креирање слики Dall-E и моделот за претворање на текст во говор Wall-E. Исто така тужителите наведуваат дека интернет корисниците не се согласиле нивните активности да бидат користени на овој начин и тврдат дека компаниите ги украле нивните лични податоци од широк спектар на онлајн апликации и платформи за да го обучат својот производ.

Податоците кои се наведуваат во тужбата и за кои се тврди дека OpenAI ги украл вклучуваат имиња, контакти, емаил адреси, информации за плаќања, информации за социјални мрежи, податоци од приватни пораки, податоци за користење на апликации, аналитика и колачиња.

„Обвинетите неправедно се збогатија преку кражба на идентитет, бидејќи нивниот бизнис со вештачка интелигенција вреден милијарди долари, ChatGPT и пошироко, е изграден на собирање и монетизација на личните информации на корисниците на Интернет“, се наведува во тужбата. „Затоа, оштетените имаат право на надомест на штета, која ќе ја претставува вредноста на украдените податоци и/или на дел од добивката што ја заработиле обвинетите по таа основа“.

Во тужбата се бара од OpenAI и Microsfot да забранат кршење на приватноста на луѓето и да преземат дополнителни чекори за исправање на овие неправди. Првиот чекор е да се открие кои се податоци се собирани и како се користат. Вториот чекор, според тужителите, е да се следи кодексот на етички пристап и да им се исплати оштета на тужителите за украдените податоци. Конечно, се наведува во тужбата, корисниците на интернет треба да имаат право да се изземат од било какво собирање на податоци и да запре нелегалното собирање податоци.

Претходно, во ноември, OpenAI и Microsfot добија друга групна тужба започната од програмери на GitHub кои тврдеа дека GitHub Copilot, алатка за програмирање со помош на вештачка интелигенција во сопственост на Microsoft, ја прекршила лиценцата за отворен код и користела нивен код за обука без изрична дозвола.

Новата тужба доаѓа откако OpenAI повеќе пати беа истражувани и испитувани поради тајните во врска со методите на обука и прибирање на податоци, како и можното кршење на авторски права. Кога GPT-4 беше лансиран во март, многу истражувачи на вештачката интелигенција гласно зборуваа за фактот дека тајноста на овие методи може да доведе до големи штети и да ја блокира секоја прилика надворешни научници да ги искоренат недостатоците и пристрасноста на системот.

Во тужбата се споменува и можната „егзистенцијална закана“ од вештачката интелигенција без „итна правна интервенција“, како што се отворени писма од истакнати личности кои бараат или да се запре или да се регулира производството на системи со вештачка интелигенција. Помеѓу таквите барања е отвореното писмо со кое се бара паузирње на обуката за вештачка интелигенција потпишана од експерти и технолошки лидери, вклучително и Илон Маск, и одлуката на Италија привремено да го забрани ChatGPT во земјата поради загриженоста дека ги прекршила европските закони за заштита на податоците.

„Пролиферацијата на вештачката интелигенција – вклучително и производите на обвинетите – претставуваат егзистенцијална закана доколку не содржи разумни заштитни мерки преку нашите закони и општествени обичаи. Бизнисот на обвинетите и практиката на „прибирање“ содржини од Интернет покренуваат суштински важни правни и етички прашања кои исто така мора да се решат. Спроведувањето на законот нема да ја задуши иновативноста на вештачката интелигенција, туку ќе помогне за безбедна и праведна иднина со вештачка интелигенција за сите“, се вели во тужбата.

OpenAI не одговори веднаш на барањето за коментар. Мајкрософт одби да коментира.

Извор: VICE

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни