Американската компанија OpenAI е во преговори за собирање финансиски средства за своите развојни проекти во сферата на вештачката интелигенција во вредност од 340 милијарди долари, што е двојно повеќе од она што беше планирано во октомври, објави денеска Вол Стрит Џурнал, повикувајќи се на непознати извори.
Како што се наведува, производителот на четботот ЧетGPT моментално е во разговори за собирање до 40 милијарди долари во оваа транша. Претходно беше соопштено дека групата Soft Bank размислува да инвестира во OpenAI во износ од 15 до 25 милијарди долари.
OpenAI и други водечки компании за развој на вештачка интелигенција планираат да потрошат милијарди долари на податоци, таленти и физичка инфраструктура за да го поддржат развојот на напредни AI системи, пренесе Блумберг.
Таа голема потрошувачка беше доведена во прашање последните денови по објавувањето на кинескиот Dip Sik, кој го објави отворениот модел R1 во понеделникот, кој се покажа како евтина алтернатива на американските ривали, со перформанси кои на изглед се идентични или подобри од моделот O1 на OpenAI.
Кинеската компанија тврди дека обуката на нејзиниот модел чинила само 5,6 милиони долари, што е занемарлива сума во однос на стотиците милиони долари кои американските корпорации ги вложуваат во оваа сфера.