OpenAI ќе се обиде да го спречи барањето на Маск ChatGPT да стане профитна компанија

Маск, кој беше еден од основачите на OpenAI, потоа ја отвори конкурентската компанија за вештачка интелигенција xAI

Истражувачката организација OpenAI соопшти дека ќе побара од судот во Калифорнија да го отфрли барањето на милијардерот Илон Маск и да го спречи претворањето на ChatGPT во профитна компанија.

OpenAI исто така објави бројни мејлови и текстуални пораки со Маск на својата веб-страница за да покаже дека тој на почетокот ја поддржал профитната позиција за OpenAI пред да ја напушти компанијата, откако не успеал да добие мнозински удел во капиталот и целосна контрола, пренесе Ројтерс.

Маск, кој беше еден од оснивачите на OpenAI, потоа ја започна конкурентската компанија за вештачка интелигенција xAI.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни