Опцијата „Трендинг“ на Јутјуб заминува во историјата

Најавените промени ќе стапат на сила глобално во текот на следните неколку недели, велат од компанијата

Платформата YouTube објави дека по десет години ќе ја укине страницата „Trending“ и листата „Trending Now“ и ќе ги замени со листи по категории кои ќе бидат дел од YouTube Charts.

„Трендовите се откриваат поинаку денес отколку во 2015 година кога беше лансирана страницата.“

„Веќе не постои само едно вирално видео – сега има илјадници микротрендови што обликуваат различни заедници“, се вели во официјалното соопштение на компанијата. „Посетите на страницата „Трендинг“ се намалуваат веќе пет години“, соопшти YouTube , бидејќи корисниците сè повеќе откриваат нови клипови преку коментари, пребарување или почетната страница. Најавените промени ќе стапат на сила глобално во текот на следните неколку недели, додава компанијата.

Иако бројката варира од месец во месец, Јутјуб во просек има 2,5 милијарди активни корисници што значи над 30% од целата светска популација барем еднаш во месецот ја вклучува апликацијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни