Ова утро во поголемиот дел од Македонија се забележува густa магла и ниска видливост, особено во котлините и долините. Температурите се под нулата, а појавата на слана и мраз го зголемува ризикот за возење.
Метеоролозите апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат крајно внимателни и да прилагодат брзина според условите на патот.
Ваквите услови се резултат на ведро, ладно време со минимален ветер, што го задржува ладниот воздух и маглата близу до земјата.
Минимални температури по градови
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) измери утрово минимални температури до 7 часот, кои покажуваат дека поголемиот дел од државата е под нулата, а на поединечни места се забележува и дебела слана.
Густа магла и замрзнатите коловози го зголемуваат ризикот од сообраќајни несреќи, па советот е: зголемете растојание, намалете брзина и користете светла за магла при возење.