Поради ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, повеќе држави се означени со највисоко ниво на опасност за патување. Според најновите безбедносни проценки, некои земји се ставени на таканаречено „црвено ниво“, што значи дека се препорачува целосно избегнување на патувања.
Меѓу државите за кои се издадени најстроги предупредувања се: Израел, Иран, Ирак, Либан, Сирија и Јемен, каде безбедносната ситуација е сериозно влошена поради воени судири и ракетни напади. Во овие земји се водат активни конфликти или постои висок ризик од ескалација на насилството.
Дополнително, предупредувања за патување се издадени и за Бахреин, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати, каде постои ризик од напади врз воени бази, инфраструктура или стратешки објекти.
Експертите предупредуваат дека конфликтот меѓу регионалните сили може дополнително да се прошири, што доведе до зголемени ракетни и дрон-напади во повеќе земји од регионот. Во некои случаи беа погодени и аеродроми, хотели и други цивилни објекти.
Поради ваквата ситуација, голем број влади ги советуваат своите граѓани да ги избегнуваат патувањата во регионот и да ја следат безбедносната состојба пред евентуално патување.