„Продолжува да опаѓа употребата на марихуаната кај тинејџерите“, ова се податоци произлезени од истражувањето насловено како „Следење на иднината“, поддржано од американскиот Национален институт за злоупотреба на дроги (NIDA). Според студијата, ‘паѓаат во вода’ тврдењата на противниците, дека легализацијата на марихуаната ја зголемува потрошувачката кај младите, бидејќи фактите се во спротивност со истражувањето.
Студијата открива дека употребата на канабис кај учениците од 8-мо, 10-то у 12-то одделение, останува пониска од нивото пред легализацијата во 2012 година. Тинејџерите пријавиле и значителен пад на воочената леснотија на пристап до марихуаната.
Наодите од истражувањето ја истакнуваат и стабилноста во употребата на супстанции кај младите после пандемијата, што ги изненадува експертите кои очекуваа повторно оживување. Застапниците за легализација на мараихуаната, тврдат дека регулираните пазари на канабис со заштитини мерки како што се проверките за лична карта, ефикасно ја одвраќаат употребата на малолетниците.
Директорката на NIDA, Нора Волков, ја нагласува и потребата за разберање на факторите кои придонесуваат за одржување на овој тренд, потврдувајќи ја способноста на легализацијата да избегне негативно влијание врз навиките на младите.