Настапот на Sooshi Mango во Скопје се сели од СРЦ Кале во Филхармонија

Австралиското комичарско трио ќе настапи на 6 јуни во Националната филхармонија, сите купени билети остануваат валидни

Настапот на популарното австралиско комичарско трио Sooshi Mango во Скопје ќе се одржи на нова локација. Организаторот „Друга страна продукција“ информира дека шоуто наместо во СРЦ Кале ќе се реализира во салата на Националната филхармонија.

Од продукцијата велат дека одлуката е донесена поради унапредување на продукциските услови и со цел на публиката да ѝ се овозможи повисоко сценско и аудио-визуелно искуство.

Со промената на локацијата, посетителите ќе можат да го проследат настапот во еден од најквалитетните концертни простори во регионот, што според организаторите ќе придонесе за поинтензивна и поатмосферична вечер исполнета со комедија.

Настапот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година, во истиот термин како што беше претходно најавено. Сите веќе купени билети остануваат валидни и ќе важат за влез во новата локација.

Билетите се во продажба преку веб-страницата на организаторот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни