Нацрт-резолуцијата предложена од Кина и Русија за поштедување на Иран од санкции беше отфрлена во Њујорк во петокот вечерта. Девет од 15-те членки на советот гласаа против, две беа воздржани, а четири, вклучувајќи ги Кина и Русија, гласаа „за“.
Тоа значи дека веќе од утре, би се вратиле санкциите на ОН врз Иран, кои беа во сила од 2006 до 2010 година. Германија, Франција и Велика Британија, трите земји колективно познати како Е3, минатиот месец го активираа механизмот за повлекување на санкциите, обвинувајќи го Иран за сериозни прекршувања на нуклеарниот договор од 2015 година.
Групата предупредува дека Иран збогатува ураниум до нивоа далеку над оние потребни за цивилни цели.
Реакција од Техеран
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека неговата земја нема да го напушти Договорот за неширење на нуклеарно оружје дури и ако санкциите на ОН бидат повторно воведени.
Според него странските сили бараат „површен изговор за да го запалат регионот“.
Пезешкијан, исто така, рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не покажала искреност во нуклеарните разговори, вклучително и преговорите пред израелскиот напад.
– Ѕидот на недоверба меѓу нас и Американците е доста висок. Постигнувавме договори неколку пати, но Американците никогаш не ги сфатија сериозно – додаде тој.