Онлајн настава во четири основни училишта поради пожарот во Трубарево

За потсетување, вчера околу 14 часот се запалија простории со електронски отпад, а пожарот беше изгаснат дури после полноќ

Надлежните институции донесоа одлука за воведување на онлајн настава во четири училишта во општина Гази Баба во времетраење од една недела.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, соопштии дека на денешната итна седница на Владата, одлучено е наставата во основните училишта ООУ „Крум Тошев“, ООУ „Његош“, ООУ „Вера Јоциќ и ООУ „Наум Наумовски Борче“ во општина Гази Баба да се реализира преку далечинско учење со помош на средства за електронска комуникација, во период од 15 до 19 септември.

Оваа одлука доаѓа по вчерашниот пожар во компанија за електронски отпад каде меѓудругото гореа и јонски-литиум батерии чиј чад во воздухот испушта канцерогени честички.

Во меѓувреме, Министерстово за животна средина донесе одлука за поставување на мобилна мерна станица која 24 часа ќе го мери квалитетот на воздухот во близина на жариштето.

За потсетување, вчера околу 14 часот се запалија простории со електронски отпад, а пожарот беше изгаснат дури после полноќ.

За сето време чадот од пожарот го прекри речиси половина Скопје а граѓаните од источниот дел на градот се жалеа на смрдеа, печење на очите и грлото.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни