Сè за филмот „One Battle After Another“ – најдобар филм на Оскарите 2026

Сè за филмот „One Battle After Another“, победник на 98. Оскари, со шест освоени награди и врвни критики.

Филмот „One Battle After Another“ на режисерот Пол Томас Андерсон беше прогласен за најдобар филм на 98. додела на Оскарите. Филмот беше номиниран во 13 категории и освои шест награди, меѓу кои за најдобар режисер, најдобар адаптиран сценарио, најдобра монтажа, најдобар спореден актер и најдобар кастинг.

Овој американски филм од 2025 година е режиран и продуциран од Андерсон, кој го потпишува и сценариото. Филмот е објавен од Warner Bros. Pictures. Главните улоги ги толкуваат Леонардо ДикаприоШон ПенБенисио дел ТороРеџина ХолТејана Тејлор и Чејс Инфинити. Музиката е од Џони Гринвуд, директор на фотографија е Мајкл Бауман, а монтажа од Енди Јургенсен.

Сценариото го следи Боб, поранешен револуционер во постојана параноја и изолација, кој живее надвор од системот и општествените норми. Тој го поминува времето со својата интелигентна и самостојна ќерка Вила. Нивниот кревок свет се руши кога се појавува Бобов стариот непријател, што води кон исчезнување на Вила. Филмот се фокусира на односот помеѓу татко и ќерка, последиците од политичкиот екстремизам и товарот на одлуките што не можат да се избришат.

Критичарите го величаат филмот, нагласувајќи ги силните актерски изведби, актуелните теми и оригиналната комбинација на акција, интриги и црн хумор. На Rotten Tomatoes има 94% позитивни критики од критичарите и 85% од публиката, додека на IMDb оценката е 7.7/10. Филмот беше рангиран на врвот на листите на Vanity Fair и Rolling Stone за најдобри филмови на 2025 година.

Пред Оскарите, филмот освои и Златен глобус за најдобар филм, како и шест BAFTA награди, вклучувајќи награди за најдобар филм, режија и адаптиран сценарио. Филмот беше препознат и од најважните американски здруженија како DGA, PGA, WGA, и доби признанија од критичарските асоцијации во Лос Анџелес, Чикаго и други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни