ОН: За голем дел од Палестинците евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дужарик, изјави дека и покрај наредбата на Израел за евакуација на целиот град Газа, каде што засолниште имаат околу еден милион Палестинци, за многумина заминувањето е „едноставно невозможно“.

Дужарик посочи дека транспортот од Газа може да чини повеќе од 1.000 долари, дека крајбрежниот пат е едвај прооден, а центрите за раселени лица во јужниот дел на Појасот веќе се пренатрупани, пренесува Times of Israel.

„Повеќето луѓе веќе безброј пати биле раселени. Исцрпени се, без пари и гладни“, нагласи портпаролот.

Според податоците на ОН, околу 9.400 лица успеале да го напуштат северниот дел на Појасот и да преминат кон југ, со што бројот на раселени од средината на август досега достигнал речиси 62.000.

И покрај издадената наредба, голем дел од Палестинците најверојатно ќе останат во северниот дел на Газа, проценуваат Обединетите нации.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни