ОН предупредува: Ескалацијата меѓу САД, Израел и Иран носи ризик од регионална војна

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на итна деескалација, предупредувајќи дека конфликтот меѓу САД, Израел и Иран може да прерасне во регионална војна.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја осуди најновата воена ескалација меѓу САД, Израел и Иран, предупредувајќи дека ситуацијата може сериозно да го загрози меѓународниот мир и безбедност.

Во објава на социјалната мрежа X, Гутереш посочи дека употребата на сила од страна на Вашингтон и Тел Авив, како и иранската одмазда, претставуваат опасност од проширување на конфликтот на пошироко регионално ниво.

Тој нагласи дека Повелбата на ОН јасно ја забранува заканата или употребата на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава. Воедно ги повика сите земји да ги почитуваат своите обврски согласно меѓународното право.

Гутереш апелираше на „итен прекин на тензиите и деескалација“, предупредувајќи дека во спротивно може да дојде до поширока регионална војна со сериозни последици за цивилното население и стабилноста на регионот.

Тој истакна дека не постои одржлива алтернатива на мирното решавање на меѓународните спорови и ги повика сите страни да се вратат на преговарачката маса.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни