ОН: Над еден милион раселени во Либан поради конфликтот со Израел

Повеќе од 1,1 милион луѓе во Либан се раселени поради судирите меѓу Израел и Хезболах, предупредуваат Обединетите нации

Повеќе од еден милион луѓе во Либан се принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на судирите меѓу Израел и Хезболах со што речиси една петтина од населението е директно погодена од конфликтот предупредуваат Обединети нации.

Според координаторот за хуманитарна помош на ОН Имран Риза бројот на раселени лица најверојатно ќе продолжи да расте поради интензивирањето на нападите откако израелските сили извршиле повеќе од 100 воздушни удари во текот на еден ден. Дополнително ситуацијата се влошува и поради наредбите за евакуација кои се однесуваат на повеќе од 15 проценти од територијата на Либан што создава дополнителен притисок врз цивилното население и хуманитарните ресурси.

ОН исто така предупредуваат на загрижувачки пораст на напади врз здравствени установи при што во над 100 инциденти загинале десетици луѓе а стотици се повредени што дополнително го отежнува пристапот до медицинска помош во земјата. Ситуацијата на теренот укажува на сериозна хуманитарна криза која се продлабочува со секој нов бран насилство и го зголемува ризикот од долгорочна нестабилност во регионот

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни