Тие истакнаа дека се потребни 539 милиони долари за да им се помогне на најранливите семејства во таа земја. Речиси 10 милиони луѓе, една четвртина од населението на Авганистан, се соочуваат со „акутна несигурност за храна“.
Како резултат на тоа, едно од три деца е заостанато во растот.
Светската програма за храна соопшти дека зголемувањето на неисхранетоста кај децата е поврзано со намалувањето на итната помош за храна во последните две години поради намалување на донаторската поддршка.
Во април, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина помошта со храна за Авганистан, една од најсиромашните земји во светот.
САД беа најголемиот финансиер на Светската програма за храна, обезбедувајќи 4,5 милијарди долари од вкупно 9,8 милијарди долари донации минатата година.
Несигурноста во обезбедувањето храна во Авганистан се влоши по масовното враќање на бегалците кои беа протерани од околните земји. Климатските промени, исто така, придонесуваат за проблемот, особено за оние во руралните средини.
Шефот на Националната агенција за заштита на животната средина на САД, Метју Калис минатата недела изјави дека сушата, недостигот на вода, намалувањето на обработливото земјиште и ненадејните поплави многу влијаат врз животите на луѓето и економијата.