ОН го вклучија алармот: Ова е најтоплата деценија во историјата

Според податоците, 2025 година била за околу 1,43 степени Целзиусови потопла во однос на прединдустрискиот период, граница која светот се обидува да не ја надмине согласно Парискиот договор.

Деценијата од 2015 до 2025 година е најтоплата забележана откако постојат мерења, односно од 1850 година, предупреди Светската метеоролошка организација (WMO), нагласувајќи дека глобалната климатска криза влегува во опасна фаза.

Според податоците, 2025 година била за околу 1,43 степени Целзиусови потопла во однос на прединдустрискиот период, граница која светот се обидува да не ја надмине согласно Парискиот договор.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, испрати остро предупредување:

„Климата е глобално во вонредна состојба. Секој клучен климатски индикатор е во црвена зона.“

🌍 Сѐ повеќе алармантни сигнали

Научниците укажуваат дека не станува збор само за пораст на температурите. Се бележи и рекордно затоплување на океаните, забрзано топење на глечерите и поларниот мраз и се почести и поинтензивни екстремни временски појави

Овие трендови, според експертите, се директно поврзани со емисиите на стакленички гасови од човечките активности.

⚠️ Целта од 1,5°C под сериозен ризик

Со Парискиот договор, државите се обврзаа да го ограничат глобалното затоплување под 1,5°C. Но сегашните податоци покажуваат дека светот опасно се приближува до таа граница – а некои научници предупредуваат дека таа може да биде надмината веќе во следните години.

📊 Што значи ова за иднината?

Експертите предупредуваат дека последиците нема да бидат само еколошки, туку и економски и социјални како зголемени цени на храна и енергија, миграции поради климатски промени, ризици за здравјето и ширење на болести и притисок врз економиите ширум светот.

Гутереш повторно повика на итно напуштање на фосилните горива и забрзана транзиција кон обновливи извори на енергија, предупредувајќи дека „времето истекува“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни