ОН бара да престане американската одмазда кон меѓународните институции

Високиот комесар на Обединети нации за човекови права, Фолкер Турк денеска изјави дека мора да престанат американските мерки на одмазда кон меѓународните институции и нивниот персонал.

Неговата изјава уследи по вчерашните нови санкции на САД против француски и канадски судија, како и против двајца обвинители, во Меѓународниот кривичен суд. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, го обвинува Судот за политизација. САД претходно воведоа санкции за четворица судии и еден обвинител на Меѓународниот кривичен суд.

Турк ги повика и државите да не ги применуваат американските санкции и да ги засилат напорите за одбрана на институциите, создадени за промовирање и заштита на човековите права и владеење на правото.

– Казнувањето на судиите и обвинителите на национално, регионално или меѓународно ниво за исполнување на нивниот мандат во согласност со нормите на меѓународното право е напад врз владеењето на правото и го корумпира судството, наведе Турк.

Тој побара и повлекување на санкциите против сите судии и обвинители на Меѓународниот кривичен суд.

Турк апелира и за укинување на санкциите против специјалниот известувач назначен од Советот за човекови права за ситуацијата на окупираните палестински територии, Франческа Албанезе. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни