Омоќнување на жените за економска независност

На дискусијата ќе се разговара околу сегашните и идните мерки и можности за вработување и финансиска независност на жени, достапни во нашата земја.

На 13 ноември во Тетово ќе се одржи панел дискусија „Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во Северна Македонија: Достапни можности, мерки, предизвици и препораки“.

На дискусијата ќе се разговара околу сегашните и идните мерки и можности за вработување и финансиска независност на жени, достапни во нашата земја.

Говорниците од институциите и граѓанскиот сектор ќе се фокусираат на економските предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во нашето општество, вклучувајќи ги и жените од руралните средини, самохраните мајки и жените кои преживеале насилство.

,,Ќе ја акцентираме важноста на менторството, поддршката за развој на бизниси и кариерното советување за да им дадеме поголема независност на жените низ нивниот кариерен и професионален пат. Во рамки на дискусијата ќе промовираме и документ за јавни политики на оваа тема. Целта на дискусијата е да се направат долгорочни стратегии за подобрување на состојбата на жените и девојките при вработување и предизвиците со кои се соочуваат за да се бидеме сигурни дека во иднина ќе има еднакви можности за сите и подобрени политики што ќе водат кон економско јакнење на жените” велат од Мрежа Стела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни