Портофино: Без костими за капење на плоштад и без алкохол на улица
Овој мал приморски град на италијанската ривиера, познат по луксузните јахти и гламурозниот амбиент, воведе серија забрани:
– Забрането е да се шета бос, без маица или само во костим за капење
– Забрането е пиење алкохол надвор од ресторани, барови и посебни зони
– Забрането е просење, лежање или седење на тротоари, ѕидови и паркови
– Забранети се пикници на јавни површини
Новата уредба важи за целата летна сезона до 30 септември, а казните се движат од 26 до 510 евра. Целта е, како што велат од општината, да се сочува „мирот и тишината“ во град со само 400 жители, но дури 100.000 туристи во шпицот на сезоната.
Албуфеира: Кодекс на однесување и високи казни
И португалската Албуфеира, популарна парти-дестинација, воведе строг Кодекс на однесување:
– Јавна голотија, сексуални односи на отворено, врева, мокрење на улица и пиење алкохол – сето ова е казниво
– За најсериозните прекршоци (комплетна голотија или сексуален чин на јавен простор), казните се од 500 до 1.770 евра
– За делумна голотија, мокрење на улица или оставање колички од супермаркет на несоодветни места – казните се од 300 до 1.500 евра
Мерките следат по серија инциденти, вклучувајќи и вирално видео од група британски туристи кои танцуваат голи сред бел ден. Градоначалникот изјави дека новите правила се воведени за да се зајакне хармонијата меѓу жителите и туристите и да се подобри имиџот на градот.
Сè повеќе европски градови со строги правила за туристи
Портофино и Албуфеира не се изолирани случаи. Рим забрани капење во фонтаните, Венеција забрани пикници на мостови и споменици, а на Капри не се дозволени „гласни“ сандали.
Со зголемениот број туристи и притисокот врз локалните заедници, се чини дека правилата за однесување на одмор ќе бидат сè построги – а нивното непочитување сè поскапо.