Бебе Јода или Грогу, ликот на серијата Мандалоријан од франшизата „Војна на ѕвездите“, се сели од стриминг платформата Дизни+ на големиот екран, пишува Variety.
Лукасфилм, продуцентската куќа на компанијата Волт Дизни, потврди дека работи на нов филм од франшизата „Војна на ѕвездите“, наречен Мандалоријан и Грогу. Производството на филмот ќе започне на крајот на оваа година, пишува Variety. Главниот лик, осамен ловец на награди што работи на надворешните рабови на галаксијата и неговата мала придружничка Бејби Јода или Грогу, премиерно беа прикажани на платформата Дизни + во 2019 година.
Дејството на филмот започнува пет години по настаните од филмот Враќање на Џедајот од 1983 година.
Извор: index.hr