Според оваа теорија, Гаргамел всушност не бил олицетворение на злото. Напротив, тој бил сиромашен свештеник кој живеел во црква по име Црн Ѕвоник. Неговиот мачор Азраел, кој го следи насекаде, не бил само домашно милениче, туку симбол на ангелот Азраел – анѓелот на смртта – кој му помага да го искорени злото од светот.
Главните Штрумфови, според оваа теорија, ги претставуваат седумте смртни гревови: похота, лакомост, гнев, алчност, завист, мрзеливост и гордост. Татко Штрумф, кој е единствениот што носи црвена облека, симболизира ѓавол – водачот на сите гревови.
Наводно, Штрумфовите биле злобни шумски суштества кои се размножувале со магични ритуали за време на полна месечина. Нивната детска невиност и шарм биле само маска зад која го криеле своето вистинско зло.
Оваа мрачна верзија на приказната потекнува, наводно, од бајка која монасите во Белгија и Франција ја раскажувале на децата во манастирите за време на Средниот век.
Но, творецот на модерните Штрумфови, белгискиот уметник Пјер Калифор (познат како Пејо), во 1958 година целосно ја изменил приказната. Гаргамел станал злобник, а Штрумфовите симпатични и добродушни суштества. Анимираната серија, која започна да се прикажува во 1981 година во САД, доживеа огромен успех и беше преведена на над 20 јазици.
Сепак, не престануваат теориите кои ја доведуваат под прашање вистинската порака зад серијата. Според некои, Штрумфовите наводно претставуваат расистичка и антисемитска идеологија. Нивната сина боја и белите капчиња потсетуваат на облеката на членовите на расистичката организација ККК. Францускиот социолог Антоан Буено, во својата книга „Малата сина книга“, тврди дека Штрумфовите шират расистичка пропаганда.
Тој смета дека Гаргамел е прикажан како архетипски Евреин – „грд, валкан и опседнат со злато“, додека името на мачорот Азраел, кое значи „ангел на смртта“, има јудејски корени.
Додека некои ги сметаат овие теории за провокација или случајност, други веруваат дека детските приказни, често, кријат пораки кои вреди да се преиспитаат.