Членовите на парламентот во Кенија им забранија на вработените да се појавуваат во владините канцеларии во една од најпознатите облеки во Источна Африка, оделото Каунда.
Познато уште и како одело на Мао Це Тунг, ова парчето облека беше популаризирано и именувано од починатиот претседател на Замбија Кенет Каунда , од одсега е забрането во рамките на парламентот на Кенија –наведено е во извештајот .
Мозес Ветангула, претседателот на парламентот истакна дека оделото повеќе не е добредојдено, како и останатата традиционална облека.
Спикерот, исто така, истакна дека оделото е забрането поради појавата на модни трендови кои претставуваат закана за стандардот на облекување на парламентот. „Палто, јака, вратоврска, кошула со долги ракави, долги панталони, чорапи, чевли или униформа“, го сочинува она што Ветангула го нарече соодветен кодекс на облекување за мажите.
„За дамите, кодексот на облекување го сочинуваат деловни, свечени или смарт-кежуал дневни комбинации . Здолништата и фустаните треба да бидат до колена и пристојни. Блузите без ракави се забранети“, додаде тој.
Спикерот исто така истакна дека употребата на овие костуми била занемарена од парламентот во минатото, но сега ова мора да се реши поради загрозеноста на кодексот на облекување што се практикува за во канцеларија .
Со текот на годините, костумот стана една од омилените комбинации на претседателот на Кенија. Тој вообичаено го носи овој костум на службена должност, што во одреден момент го направи костумот тренд на социјалните мрежи.
Кенискиот претседател стана синоним за облеката бидејќи често може да се забележи во различни дизајни на наведениот костум. Оделото стана популарно и меѓу политичката класа и стана донекаде модна препознатливост во источноафриканскиот регион.