Олимписките игри започнале да се организираат пред околу три илјади години во античка Грција, каде што хомосексуалноста не бил дефиниран концепт, туку хомосексуалните активности биле пракса помеѓу мажите.
Остатоците кои се пронајдени ги прикажуваат спортистите во еротски, често голи, пози што е доказ за хомоеротската природа на игрите. Историчарите потврдуваат дека местата за тренинг често морале да забрануваат на одредени мажи да доаѓаат бидејќи не биле заинтересирани за спортот, туку само за да бараат љубовни врски со останатите спортисти.
Овие Олимписки игри во Париз имаат најголема ЛГБТИ+ застапеност во модерната историја и во организацијата, но и помеѓу спортистите.
Церемонијата за отворање беше инклузивна и вклучуваше квир танчери и уметници, а организаторите и при делењето на кондомите за спортистите, внимаваа покрај стандардните, машки, кондоми да има и женски кондоми, како и дентални брани.
Покрај делењето на кондомите, организаторите спроведуваат и кампања за сексуалното здравје која се фокусира на задоволството, согласноста и безбедноста, а делењето на женските кондоми и денталните брани, кои се поврзани со сексуалното здравје на жената, само ги кршат табуата кои постојат за сексуалното задоволство во многу места низ светот, па дури и на западот.