Олеснување за куќните миленици – Грција ја дочека Новата година со тивок огномет

Нов вид огномет на Нова година го осветли небото над Грција и Кипар и го означи влезот во Новата година, но овојпат без врева, што е биде вистинско олеснување за домашните миленици и нивните сопственици.

Тивките огномети се поеколошки и попријатни за животните – миленичиња, скитници и птици – кои може да се исплашат од звукот на нормална пиротехника.

Тивкиот огномет продолжува да го прикажува целиот опсег на популарните светлосни ефекти, но без врева од традиционалните огномети, соопшти градската управа на кипарскиот пристанишен град Лимасол.

Во Атина, покрај бесшумна пиротехника, беа користени и дронови за создавање ефекти на небото.

„Овие огномети содржат помалку отровни материјали и затоа се поеколошки“, изјавија организаторите.

За тивка пиротехника, производителите на огномет користат хемиски супстанци кои произведуваат помал притисок на гасот, а со тоа и потивки звучни бранови. Наместо тоа, фокусот е на светлосните ефекти и боите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни