Германскиот канцелар Олаф Шолц објави фотографија со превез на окото, откако за време на викендот паднал и се повредил додека џогирал. Тој заработил гребнатини на десната страна на лицето, а во описот на фотографијата споделена Шолц, канцеларот, освен што извести за неговата здравствена состојба, се пошегува и рече дека едвај ги очекува шегите и креативните креации на негова сметка.
„Ви благодарам за желбите за брзо заздравување, повредите изгледаат полоши од што се“ напиша тој на сликата и додаде дека едвај чека да ги види мемињата.
Фотографијата доби илјадници лајкови и коментари набргу откако беше објавена на X, социјалната мрежа порано позната како Twitter.
Одговорите вклучуваа мемиња на Шолц како пират и пораки за брзо заздравување.
Портпаролот на владата Штефен Хебестрајт рече дека фотографијата е објавена „за да може секој да се навикне на тоа како ќе изгледа канцеларот во следната недела или две“.
Шолц мораше да ги откаже своите ангажмани во неделата, но остатокот од неговата недела ќе биде работен. Тој треба да присуствува на настан на католичката црква денес и да го посети автосалонот IAA во Минхен во вторник.
Извор: DW