Документарен филм The Hip-Brainstorm на Јане Алтипармаков, на платото на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка

Утре со почеток во 20 часот, на платото на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка ќе биде прикажан долгометражниот музички документарен филм The Hip-Brainstorm во режија на Јане Алтипармаков, со оригинална идеја на Љубиша Петрушевски, камера на Наташа Гелева и Ања Илиева.

Модератор на настанот е Tina Rist.

Ова е последен настан од јулската програма на ГигаФест. Фестивалот продолжува во август со нови содржини кои наскоро ќе бидат објавени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни