Околу еден тон отпад собрани во „Генералка викендот“ на струшкото крајбрежје

Околу еден тон отпад е собран на струшкото крајбрежје во рамки на еколошката акција „Генералка викенд“, соопшти денеска Општина Струга.

Во акцијата учествувале околу 150 лица вработени во општинската администрација, ученици, волонтери од Црвениот крст – Струга и Здружението „Аква“.

– Најголем акцент се стави на крајбрежјето на Охридското Езеро, почнувајќи од Солферино (Црвен Крст), па сѐ до одморалиштето 25 Мај, како и на кејовите на реката Црни Дрим, посочува Општина Струга.

Целта на „Генералка викенд“ е зголемување на свеста на луѓето за заштита на природата и животната средина. Еко – акцијата „Генералка викенд“ беше во организација на „Мен енд Маунтен“, а се реализираше во соработка со „Пивара Скопје“, „Пакомак“, „Нула отпад“, „Шпаркасе банка“, „ЕВН Македонија“, „Макстил“, „Бучим боров дол“, „Саубермахер“ и „Костал“. Поддржана е од ЗЕЛС, Црвен крст и Министерство за животна средина. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни