Околу 90 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа

Поради доцнењето на помошта, ситуацијата во Појасот Газа беше екстремно влошена а најзагорзени беа бебеињата и постарите лица

Околу 90 камиони со хуманитарна помош синоќа влегле во Појасот Газа, а како што јавува Тајмс оф Израел, тие биле префрлени во центрите на ОН низ Појасот.

Во изминатите два дена, камиони влегуваа на палестинската страна на преминот Керем Шалом, но имаше доцнење во дистрибуцијата на помошта во рамките на Појасот.

ОН вчера соопштија дека рутата што им ја понудиле ИДФ е небезбедна и дека се плашат од грабежи, поради што дистрибуцијата беше одложена.

Поради доцнењето на помошта, ситуацијата во Појасот Газа деновив беше екстремно влошена а најзагрозени беа бебеињата и постарите лица.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни