Поплавите заробиле семејства на покривите од нивните домови, потопиле мостови и предизвикале сериозни материјални штети. Најмалку две куќи биле целосно изместени од своите темели, а надлежните предупредуваат дека состојбата може дополнително да се влоши, бидејќи се очекуваат нови поплави.
Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон, прогласи вонредна состојба и апелираше до граѓаните строго да ги почитуваат наредбите за евакуација. Нивото на реката Скагит, според официјалните информации, брзо се зголемува и се приближува до рекордни вредности.
Најкритична останува областа северно од Сиетл, каде што поплавната зона и натаму е под сериозна закана. Поплавите зафатија големи делови од државата, при што неколку мостови се под вода, а еден главен пат е целосно уништен.
Свлечиште на автопатот 90, источно од Сиетл, го блокирало сообраќајот, додека во градовите Сумас, Нуксак и Еверсон жителите биле принудени на итна евакуација. Во Сумас, спасувачките екипи со хеликоптери евакуирале семејства од покривите на куќите, откако водата достигнала висина од околу 4,6 метри.
Локалните власти соопштија дека се подготвуваат за нов бран невреме, бидејќи за време на викендот се очекува пристигнување на уште еден олуен систем со дополнителни врнежи од дожд.
Извор: N1info.rs
