Околу 500 луѓе останаа без покрив над глава во голем пожар кај Варшава

Во голем пожар што синоќа избувна на кровот на станбена зграда во местото Зомбки, близу Варшава, беа уништени над 200 станови, а околу 500 луѓе беа евакуирани. За среќа, нема загинати или потешко повредени.

Пожарот избувнал околу 19 часот, на кровот од една од трите меѓусебно поврзани згради во нова станбена населба. Целиот кров е изгорен, а огнот се проширил на становите на четвртиот кат. Поради чад и вода, оштетени се и делови од становите на пониските катови.

„Огнот го гасеа 60 екипи со околу 250 пожарникари. До полноќ пожарот беше локализиран, а до утрото се проверени сите станови. Тројца граѓани се здобиле со лесни повреди, а еден пожарникар со истегнување на зглоб“, изјави главниот командант на Државната противпожарна служба, Војчех Кручек.

Причината се истражува, граѓаните апелирани да не шират дезинформации

Полицијата и обвинителството повеле истрага, а од Министерството за внатрешни работи апелираат до јавноста да се воздржи од шпекулации за причините на пожарот и да не шири лажни вести на социјалните мрежи.

Експертите потсетуваат дека во Полска во последната година и пол имаше серија пожари, некои од нив докажано подметнати, а во одредени случаи се истражува вмешаност на руски хибридни служби. Сепак, во овој случај е малку веројатно дека станува збор за подметнување.

Високите температури – дел од причината?

Според првичните проценки, брзото ширење на пожарот било овозможено од високите температури и отсуството на дождови, како и од дрвените делови во конструкцијата на покривот.

Враќањето во становите – неизвесно

Жителите нема да можат да се вратат во своите домови додека не се изврши темелна проценка на статиката на зградата и обемот на штетите, изјави регионалниот претседател на Мазовјецкото војводство, Мариуш Франковски.

Во меѓувреме, евакуираните се сместени во локално училиште, а властите најавија почетна парична помош од околу 1.900 евра, со можност за дополнителна поддршка откако ќе се заврши проценката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни