Околу 300 писатели бараат санкции за злосторствата во Газа

Околу 300 писатели од француско говорно подрачје, меѓу кои и двајца добитници на Нобелова награда за литература Ани Ерно и Жан-Мари Густав ле Клезио го осудија геноцидот над населението во Појасот Газа и бараат „итен прекин на огнот“.

„Исто како што итно беше да се класифицираат злосторствата извршени врз цивилното население на 7 октомври 2023 година како воени злосторства и злосторства против човештвото, сега е потребно тоа да се нарече „геноцид“, се наведува во статијата објавена во францускиот весник „Либерасион“.

Писателите во статијата бараат „воведување санкции врз државата Израел … како и итен прекин на огнот, што ќе гарантира безбедност и правда за Палестинците, ослободување на израелските заложници, ослободување на илјадници палестински затвореници … и итно да заврши геноцидот“.

Меѓу потписниците се и добитници на наградата Гонкур – Ерве Ле Телие, Жером Ферари, Лоран Годи, Брижит Жиро, Лејла Слимани, Лиди Салвер, Мохамед Мбугар Сар, Николас Матје и Ерик Вијар.

По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година израелската армија презеде офанзива врз Појасот Газа, која трае повеќе од 19 месеци. Според податоците на палестинското Министерство за здравство, од почетокот на војната во палестинската енклава загинале најмалку 53.977 луѓе, од кои најголемиот број цивили. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни