Околу 30 делфини загинаа по излевање на нафта близу јужна Русија. Нафтата истекла од два танкери поради бурно невреме. Излевањето се случи во водениот канал, кој ги дели полуостровот Крим, окупиран од Русија, од јужниот руски регион Краснодар.
Смртните случаи се „најверојатно поврзани со излевањето на нафтата“, соопштија од Центарот за спасување и истражување на делфини „Делфа“ со седиште во Сочи на руското крајбрежје на Црното Море.
Центарот напиша на апликацијата Телеграм дека вкупно 61 мртви китоми – група цицачи во која спаѓаат китови и делфини – биле регистрирани по катастрофата.
„Судејќи според состојбата на телата, поголемиот дел од овие китоми умреле во првите 10 дена по катастрофата.“, напиша центарот, истакнувајќи дека повеќето од мртвите делфини се од загрозениот вид Азов.