„Тимовите за спасување на регионалната управа на Петра и Цивилната заштита евакуираа стотици туристи без пријавени жртви, по поплавите кои ја погодија историската локација попладнево“, изјави за телевизијата Al Mamlaka владиниот портпарол Јазан Мохадин.
Според него, на Петра денеска биле регистрирани 1.785 посетители, од кои поголемиот дел беа евакуирани од екипите на Цивилната заштита, а продажбата на влезници била прекината како мерка на претпазливост.
Јорданскиот метеоролошки завод објави снимки од поројните води кои навлегуваат во клисурата на археолошкиот комплекс, додека туристите чекаа евакуација пред Хазне, најмонументалната фасада во Петра.
Слични евакуации се случувале и во минатото, откако регионот станува се подложен на интензивни дождови и невреме. Петра, заштитена како светско наследство на УНЕСКО, е позната по своите храмови извадени во ружичести карпи и е признаена за едно од „Седумте нови светски чуда“ по онлајн гласањето во 2007 година.