Над 1.000 вработени во кафулињата на Старбакс низ САД стапија во штрајк поради новиот кодекс за облекување на работното место, соопшти синдикатот Starbucks Workers United.
Компанијата од понеделник воведе нови правила кои строго пропишуваат што може да се носи под познатата зелена кецеља. Според новите насоки, дозволени се само црни кошули без шари и панталони во боја каки, црна или темносина фармерка.
Претходниот кодекс бил пофлексибилен, дозволувајќи носење темни нијанси во поширок опсег и кошули со дезени, пренесува агенцијата Associated Press.
Синдикатот обвини дека компанијата не се консултирала со вработените пред воведувањето на измените, што дополнително ги влошило односите меѓу менаџментот и персоналот.