Иако Денвер влезе храбро и ја доби првата четвртина (21-26), Оклахома доминираше во продолжението. Тандерите направија пресврт во втората четвртина, наметнувајќи жесток ритам и одбрана, особено преку Алекс Карузо, со што му зададоа сериозни проблеми на противникот. На полувреме водеа со 60-46, а серијата од 9-0 на стартот на третата четвртина (69-46) практично го запечати исходот.
Денвер, изморен и со неколку повредени играчи, не успеа да одговори. Дури и Никола Јокиќ делуваше демотивирано во завршницата, откако стана јасно дека одбраната на шампионската титула завршува тука.
Оклахома го добива домаќинскиот терен и ќе ја има предноста во финалето против моќната Минесота, која исто така игра одлично оваа сезона.
Шеј Гилџес-Александар беше фантастичен со 35 поени, а го следеа Вилијамс со 24 поени, 7 асистенции и 5 скока, Холмгрен со дабл-дабл (12 поени, 11 скока) и Карузо со 11 поени. Кај Денвер, Јокиќ забележа 20 поени, 9 скока и 7 асистенции, Браун даде 19, Мареј 13, а Гордон, кој играше со повреда, заврши со 8 поени и 11 скока.