Охридското Езеро со понизок водостој од просекот – температурата над нормалата
Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,32 метри надморска височина.
Водостојот денеска е 25 сантиметри под просекот за април или 22 сантиметри над дозволениот минумум. Неделната анализа покажува мали варијации за сантиметар до два од денешните измерени 693,32 метри.
Температурата на водата денес е 13 степени што е за околу 3 степени над просекот за месецов.