Охридско Езеро на мапата на најпопуларните знаменитости од светот

Најпопуларна знаменитост во нашата држава, според мапата која ја креирала осигурителната компанија „AllClear“ е Охридското Eзеро. Тоа е претставено на листата на најдобрите знаменитости од целиот свет.

Компанијата ги засновала своите резултати на бројот на прегледи на страниците кои ги добила секоја знаменитост на Википедија.

Исто така, тие составиле листа од 7-те најпопуларни светски знаменитости. Ширум светот, знаменитост која најмногу се пребарува на Википедија е Таџ Махал. Настаната во 17-от век, палатата се смета за најголемо дело на индо-исламската архитектура кое некогаш е изградено, а има повеќе од 28 милиони прегледи.

Втора по популарност е највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа во Обединетите Арапски Емирати, со над 23 милиони прегледи на страницата, според „AllClear“.

На третото место е Монт Еверест. Највисоката планина на светот се наоѓа на границата помеѓу Кина и Непал, а на неа се искачуваат околу 800 луѓе годишно. Кипот на слободата во САД, со 19 милиони прегледи, и Кинескиот ѕид со 17 милиони прегледи ги заокружуваат првите 5 места на листата.

Кога станува збор за Македонија, најпопуларна знаменитост е Охридското езеро, а претставници на соседните земји на оваа листа се: Храмот Свети Сава за Србија, Стариот мост во Мостар за Босна и Херцеговина, Плитвичките езера за Хрватска и Которскиот залив за Црна Гора.

Извор: timeout.com

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни