Охридските средношколци утре на мирен марш за загинатите во несреќата во Кочани

Учениците од шетирите охридски средношколски установи утре ќе се приклучат на маршот организиран на повик на Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија.

Според најавите,  учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 9:05 часот ќе се упатат кон улицата „7-ми Ноември“, од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се упатат кон Кејот „Македонија“, додека средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе тргнат по улицата „Димитар Влахов“, за заедно со нивните колеги од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ преку  охридската чаршија да се упатат кон Градскиот плоштад каде што ќе се оддаде почит на жртвите во несреќата во Кочани.


Како што беше најавено од Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, повикот за мирен марш е да се оддаде почит на прерано згаснатите животи во несреќниот случај во Кочани.

Од ученичката заедница во Охрид во најавата за настанот се повикуваат учениците да се придржуваат кон предвидениот протокол, а маршот да не ескалира во протест.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни