Охридски небесен спектакл: Заврши Европскиот куп во параглајдинг 2024

Охрид беше домаќин на несекојдневен спортски настан – Ohrid Fly Festival, дел од Европскиот куп во параглајдинг за 2024 година.

Во изминативе три дена, натпреварувачи од 24 земји се натпреваруваа во неколку дисциплини, исполнувајќи го охридското небо со десетици параглајдери, создавајќи спектакуларна глетка.

На терените на СРЦ „Билјанини Извори“ се одржаа вкупно осум рунди, каде повеќе од 50 учесници од 14 европски земји ги покажаа своите вештини. Меѓу нив, најмладиот учесник имаше само 10 години.

Првото место го освои Fanol Shala од Косово, додека на второто место се пласира Migjen Shala, исто од Косово. Третата позиција му припадна на Xhonatan Islami од Албанија.

Овој настан го постави Охрид на мапата на параглајдинг спортот, оставајќи импресии кои ќе се паметат долго.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни