Срамота е што Општина Охрид не им помага на жителите од приградските населби во услови на елементарна непогода, велат жителитле на Даљан, во дописот испратен до медиумите.
Тие во својот допис објаснуваат дека иако веднаш повикале пожарникарска служба за итно да се реагира, добиле одговор дека се ненадлежни и си заминале.
Потоа биле повикани и претставници од Општина Охрид и од општинското претпријатие „Комуналец“, кои наместо итно да реагираат и да го отстранат паднатото масивно дрво, си заминале без да дадат конкретен одговор дали ќе го отстранат и кога ќе го сторат тоа и покрај тоа што им било посочено дека уште пред неколку години, на таа локација, исто така имало паднат бор, по што претставниците на Општина Охрид ги обележале и другите борови како опасни и дека и тие мора да бидат отстранети.
По ваквата реакција од противпожарната служба и од локалната властл, жителите на Даљан ја информираат јавноста дека и по пет дена сè уште не е отстранет огромен десетметарски бор што се откорнал во невремето на 22.11.2025 година, на улицата „Сатеска“, број 40 и кој паднал врз паркирано возило кое сè уште билое потиснато од дрвото.
Тие од Општина Охрид бараат веднаш да го отстрани борот и да го ослободи возилото. Реагираат за тоа што надлежните од Општина Охрид уште пред неколку години го обележале борот како опасен и за отстранување, но сега не сакаат да дојдат да го отстранат и да ја ослободат смачканата кола со образложение дека тоа не е нивна работа и оти граѓаните треба сами да го отстранат, иако, како што нагласуваат, тој се наоѓа на земјиште во сопственост на државата.
Жителите објаснуваат дека местото каде што паднал борот било пешачка зона по која се движеле станарите на зграда со три влеза и дека, за цела среќа, кога се откорнал, немало пешаци, инаку ќе имало и човечки жртви.
Жителите објаснуваат дека местото каде што паднал борот било пешачка зона по која се движеле станарите на зграда со три влеза и дека, за цела среќа, кога се откорнал, немало пешаци, инаку ќе имало и човечки жртви.
„Пред некој ден, исто такво дрво падна во центарот на градот и од Општината со помпа и со телевизии го кренаа истиот ден за да покажат колку се ефикасни, а нам ни велат сами да си го отстраниме, бидејќи сме на периферијата од градот и никој не гледа. Ние, жителите на населбата Даљан, не сме граѓани од втор ред и ние плаќаме данок како граѓаните од центар и Општината треба подеднакво да се грижи и да си ја извршува работата подеднакво во сите населби, а не само во центар“, се жалат жителите на населбата Даљан.
Според кажувањата на жителите, Општина Охрид и по неколку години не ги отстранила боровите што довело до повторна несреќа.
