Тие објавија дека со планската програма за изработка на Детален урбанистички план за УЗ 2, УБ 2.3 – опфат 7 ќе се руши семејната вила, која е во духот на еклектиката, од првата половина на XX век.
Вилата се наоѓа на улицата „Димитар Влахов“, во близина на објектот на гимназијата во Охрид и таа е дел од амбиентална целина во овој дел на Охрид, каде се уште има слободностоечки семејни вили, сместени во зеленило, со декоративна пластика и столарија.
Како што објавија од Охрид СОС во овој дел на градот се уште има десетина објекти кои сведочат за удобното семејно домување од периодот меѓу двете светски војни.
SOS Охрид упатува јавно прашање – како е возможно ваков објект да не е третиран од Управата за заштита на културното наследство?!
Фото: Охрид СОС